Skip to main content
Македонија

Костадинов: Струмица на високото второ место по системот на интегритет на ДКСК

28/03/2025  14:27

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов ги сподели резултатите од последното истражување на Државната комисија за спречување на корупција, нашата Струмица е на високото второ место на ранг листата на општини според процентот на исполнување и имплементантација на системот за интегритет.

Продолжуваме уште повеќе и уште посилно во примерот за сите општини во државата! Струмица секогаш и секаде на врвот! Струмица со интегритет и без корупција! Работата од срце и со многу љубов и труд, одлични резултати“ се вели во објавата на Костадинов.