
Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов ги сподели резултатите од последното истражување на Државната комисија за спречување на корупција, нашата Струмица е на високото второ место на ранг листата на општини според процентот на исполнување и имплементантација на системот за интегритет.
„Под интегритет се подразбира законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно вршење на работи со кои службените лица го чуваат својот углед и угледот на институцијата во која се одговорно лице, односно се вработени, ги елиминираат ризиците и ги отстрануваат сомневањата во можноста од настанување и развој на корупција и со тоа обезбедуваат доверба на граѓаните во вршењето на јавните функции и во работата на јавните институции.
Продолжуваме уште повеќе и уште посилно во примерот за сите општини во државата! Струмица секогаш и секаде на врвот! Струмица со интегритет и без корупција! Работата од срце и со многу љубов и труд, одлични резултати“ се вели во објавата на Костадинов.