Skip to main content
Магазин

Корисници пријавуваат проблеми со „Фејсбук“, дел од профилите се привремено недостапни

19/07/2026  10:53

Социјалната мрежа Фејсбук повторно има технички проблеми. Голем број корисници ширум светот во моментов не можат да пристапат до десктоп-верзијата на платформата, а дел од нив имаат проблеми и со мобилната апликација.

При обид да се најават на својот профил, на корисниците им се појавува пораката:

„Профилот е привремено недостапен. Вашиот профил моментално не е достапен поради проблем со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде решен. Обидете се повторно за неколку минути.“

Според веб-страницата „Доундетектор“, проблемот е регистриран околу 9 часот, по што брзо се прошириле пријави од корисници од повеќе земји низ светот.

Последен пат Фејсбук имаше сличен глобален прекин на 12 јуни, кога платформата не функционираше на ниту еден уред.