Skip to main content
Балкан

Конечно по пет дена уапсен мажот кој во БиХ ги задуши сопругата и синот

17/02/2025  14:51

Емир Селимовиќ, 38-годишниот маж осомничен дека ги уби сопругата и синот со давење во близина на Тузла во Босна и Херцеговина, е уапсен по петдневна потрага, пренесуваат медиумите во БиХ.

MK Summit

Припадници на министерството за внатрешни работи на Република Српска го нашле во селото Горња Мравица кај Прњавор, каде во четвртокот му е откриено и возилото. Според неофицијални информации, Селимовиќ го забележале мештани и веднаш ја известиле полицијата, по што брзо бил уапсен.

Телото на сопругата Инела Селимовиќ (37) и нивниот 13-годишен син беа најдени на 12 февруари во заедничкиот стан во Калесија. Се верува дека Емир Селимовиќ ги задушил.

Селимовиќ по убиствата избегал со автомобил „шкода фабија“. Автомобилот подоцна е најден во селото Горња Мравица, но осомничениот и понатаму бил во бегство. Според извештаите, Селимовиќ бил снимен од камери во близина на Бања Лука за време на бегството.

Тој е фатен по опсежна потрага во селото Горња Мравица.