Skip to main content
Култура

Концерт на македонско-турското дуо во Даут Пашин Амам

15/04/2025  16:14

Во четврток, со почеток од 20:00 часот, во уникатниот амбиент на Даут Пашиниот Амам – Национална галерија на Северна Македонија, ќе се одржи концерт на интернационалното дуо составено од Даниела Неделковска (флејта, Северна Македонија) и Пинар Челик (пијано, Република Туркије).

MK Summit

Публиката ќе има ретка можност да ужива во внимателно одбрана музичка програма која ги обединува културните вредности на двете земји, преку изведба на дела од македонски и турски композитори. Концертот претставува симболичен спој на традициите и уметничките визии на Балканот и Анадолија.

Овој настан се реализира под покровителство на Амбасадата на Република Туркије во Скопје, а во организација на Институтот Јунус Емре – Скопје, кој континуирано ја промовира културната размена и уметничката соработка помеѓу двете пријателски земји.

Влезот за концертот е слободен.
Добредојдени се сите љубители на музиката и културата.