Skip to main content
Македонија

Кон Македонија се приближува нов бран на врнежи, обилни во западните предели

05/02/2026  12:57

Влијанието на циклонските активности со центар над Џеновскиот залив продолжува во Македонија па така ќе продолжи и многу променливата временска состојба. На ден 6 февруари 2026 петок во западните предели од Македонија ќе имаме нови пообилни врнежи од дожд каде се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен дожд. На планините пак над 1500/1600 метри надморска височина ќе има врнежи од снег. Во останатите предели од Македонија времето ќе биде промнеливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет.

Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Услови за повремен локален дожд ќе има и во Скопје  и околината.

Што се однесува до температурите тие ќе бидат релативно високи и во поголем дел од Македонија тие ќе се искачуваат до околу 10 степени а локално тие ќе надминат  и 10 степени.