Skip to main content
Македонија

„Комити“ со обвинувања кон Миленко Неделковски

29/03/2025  18:59

Соопштение на навивачка група:

Во име на групата и здружението ,,35 години Вардарци” ги демантираме сите лаги кои ги изрече лицето Миленко Неделковски.

Во своите обиди да го разниша единството кое владее помеѓу Вардаровата јавност и со цел поткопување на заедничкиот став против Управата на клубот, дотичното лице повторно се служи со лажни обвинувања без притоа да приложи било каков аргумент.

Целта е јасна: дефокус и избегнување на личната одговорност за досегашните лошо менаџирање на клубот и создавање лажна слика дека некој друг, а не самиот тој е виновен за атмосферата на релација навивачи – Управа!

Нашиот став>

Борјан Ефтимов, лицето кое во своите објави Миленко Неделковски го поврзува со нашата група и нашето здружение, ниту е член на здружението, ниту е дел од оснивачкото Собрание, како што се наведува.

Со самото тоа, паѓа во вода обвинувањето дека здружението во било кој момент било злоупотребено за цели кои не се поврзани со основните начела на здружението, а тоа се: Афирмација на ФК Вардар и борба за клубот. Како тогаш исти сме и сега, до крај верни на клубот и групата!