Skip to main content
Хроника

Комбе се запали во Кисела Вода

24/08/2026  16:28

Пожар избувна попладнево во скопската општина Кисела Вода, каде што се запали комбе.

Според првичните информации, возилото било зафатено од пламен, а од местото на настанот се забележувале оган и густ чад.

Засега нема официјални информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту дали има повредени лица.

Се очекуваат повеќе детали од надлежните институции за околностите под кои се запалило возилото.