Skip to main content
Македонија

Колева: 25 години жените во СДСМ докажаа на дело дека еднаквоста може да биде реалност

09/02/2025  15:51

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

-25 години жените во СДСМ, па и претходно низ историјата, докажаа и покажаа дека  заедно можат и  умеат и дека заедничката сила е неограничена и е несицрпен извор на енергија, а доказ за тоа е дека успехот на секоја од нас, е успех за сите нас, порача Колева, додавајќи дека цел, со храброст, интелект, посветеност за напредок, е креирање општество во кое секоја жена ќе може да го достигне својот максимум, искористувајќи го целиот свој потенцијал. Нашата борба е борба за секоја жена, за самохраната мајка, за жената жртва на семејно насилство, жената работничка, жената земјоделка, жената полицајка, жената наставничка, жената функционерка, жената со инвалидитет,  жената политичарка, жената домаќинка, жена во секоја професија, потенцираше таа. 

Нам ни е потребна и неопходна, мудроста и знаењето на искусните, желбата и храброста на младите, безрезервната поддршка на мажите и силата и енергијата на сите нас заедно, за да продолжиме да се издигнуваме да градиме стабилен, еднаков и  безбеден систем. Тоа е единствениот начин да покажеме, како најдобро знаеме и умееме , како и секогаш да бидеме предводници во општеството во поглед на женските прашања и родовата еднаквост, рече Колева.

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ Даниела Колева, при обраќањето на трибината се осврна на дел од достигнувањата во изминатите 25 години.

Благодарение на Вашите заложби и Вашиот труд мои социјалдемократки, од само 5 жени во Првиот парламентарен состав денес имаме  50 жени пратенички, се донесоа голем број закони и стратегии во насока на унапредување на правата и социјалната заштита на жените, промени во Изборниот законик, ЗРО, Родово одговорно буџетирање, истакна Колева, додавајќи дека остануваат голем број предизвици, а дел од нив се 40% жени во извршната власт,  поддршка на жените претприемачки, законско регулирање на интернет просторот со цел спречување говор на омраза, закон за породилно отсуство на жени замјоделки, економска независност и зајакнување на жената, поддршка на жените со инвалидитет и самохраните мајки.