
Во петок, во 12 часот во седиштето на УЕФА ќе бидат извлечени двојките за осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите.
За потсетување, првите осум екипи во регуларниот дел од сезоната обезбедија директен пласман во осминафиналето: Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила.
Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Борусија Дортмунд, ПСВ, Феенорд, Баерн, Бенфика и Клуб Бриж се пласираа во најдобрите 16 екипи во Европа преку плеј-офот.
Можни парови за осминафиналето:
ПСЖ – Ливерпул или Барселона
Клуб Бриж – Лил или Астон Вила
Реал – Атлетико или Баер Леверкузен
ПСВ – Арсенал или Интер
Феенорд – Интер или Арсенал
Баерн – Атлетико Мадрид или Баер Леверкузен
Дортмунд – Астон Вила или Лил
Бенфика – Ливерпул или Барселона
Натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одиграат на 4/5. и 11/12. март, четвртфиналето е закажано за 8/9. и 15/16. април, полуфинале 29/30. април и 6/7. мај, и големото финале на Алијанц Арената во Минхен на 31 мај.