Skip to main content
Скопје

Кој е надлежен: Фотелја и делови од покуќнина со денови оставени на троатар во Порта Влае – никој не ги собира

23/05/2025  11:39

На социјалната мрежа Фејсбук, во групата “Стари Скопјани” се појави фотографија на која се гледа како купишта кабаст отпад, фотеља и делови од покуќнина стојат расфрлени на троатоар во скопската населба Порта Влае во општина Карпош. Од она што може да се зебележи е дека контејнерите се празни што значи дека надлежните служби ги исчистиле но отпадот надвор од нив го оставиле. Авторот на фотографијата прашува кој е надлежен да го собере овој отпад.