
Фудбалскиот клуб Вардар заедно со Црвена Звезда организираше хуманитарен натпревар во чест на загинатите во страшниот пожар кој се случи во Кочани пред точно еден месец, а кој се игра вечерва. На нашиот најголем стадион, националната арена „Тодор Проески“ пред околу 20.000 навивачи се игра оваа средба.
Овој натпревар има посебен печат поради тоа што се игра хуманитарно, во чест на жртвите од пожарот во Кочани. Навивачите на трибините во националната арена вечерва во еден глас извикуваат “Кочани”!