Skip to main content
Магазин

‘КликниЈади’ – првата платформа за достава на храна, прекинува со работа

21/08/2025  23:08

Македонската онлајн платформа за нарачка и достава на храна „КликниЈади“ од денеска го прекинува своето работење на неопределено време. Вчеравечер на официјалната веб-страница на компанијата беше објавена кратка порака во која стои:

„Почитувани корисници, нашата услуга за достава ќе биде привремено прекината од денес, за неопределен временски период. Ви благодариме на разбирањето.“

„КликниЈади“ започна со работа во 2015 година како семеен бизнис и во изминатите речиси десет години успеа да се позиционира како еден од лидерите во индустријата за онлајн достава на храна во Скопје.

Причините за привременото прекинување на работењето засега не се официјално соопштени.