Skip to main content
Скопје

Класична музика на плоштадот „Скендербег” – Општина Чаир со поддршка за 14. издание на „Сцена на сериозна музика”

19/08/2026  12:57

Вечерва, среда, 19 август, со почеток во 20:30 часот, на плоштадот „Скендербег”, ќе се одржи концерт на класична музика во рамките на 14. издание на фестивалот „Сцена на сериозна музика”.

Фестивалот, кој традиционално се реализира со поддршка на Министерството за култура, годинава добива поддршка и од Општина Чаир, како дел од заложбите за збогатување на културната понуда и создавање нови содржини на плоштадот „Скендербег” и во Чаршијата.

Со поддршката на културни и уметнички настани на отворено, Општина Чаир има за цел овие значајни јавни простори да бидат уште подинамични места за средба, култура и заедничко доживување, достапни за граѓаните и посетителите на градот.

Концертот на „Сцена на сериозна музика” е уште една можност публиката да ужива во квалитетна музичка програма во автентичниот амбиент на плоштадот „Скендербег” и Чаршијата.

Настанот започнува во 20:30 часот, а влезот е отворен за сите заинтересирани посетители.