Skip to main content
Скопје

Кирков: Скопје издржало многу, ќе ја издржи и Арсовска уште неколку месеци

21/05/2025  14:31

На денешната седница на Советот на Град Скопје се обрати советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков.

Кирков на самиот почеток истакна дека Скопје претрпело многу катастрофи, но со преземањето на функцијата градоначалник од страна на Данела Арсовска, Скопје не видело поголема катастрофа.

„Градот Скопје претрпел многу катастрофи во поново време, без пардон, ќе кажам дека поголема катастрофа од градоначалничката Данела Арсовска и не постои. Како ни изгледа Скопје во моментот? Сите фонтани се жабарници, недостигаат букви на спомениците и тие не се одржувааат, не се исчистени. Буквално имаме една глетка на градот Скопје што не ја памтиме“, рече Кирков.

Кирков исто така истакна дека секоја критика од страна на советниците кон градоначалничката Арсовска резултирала со барање за извинување од нејзина страна и опомена пред тужба.

И, за жал, ќе кажам, на секоја критика кон градоначалничката таа кон нас советниците се произнесува со барање за извинување или со опомена пред тужба. И нека е така, Скопје издржало многу, ќе ја издржи уште неколку месеци Данела, а потоа ќе постои и одговорност. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи оваа донација, ја поздравува и ги охрабрува сите фондации што имаат можност да помогнат во реновирањето на спомениците затоа што се во катастрофална состојба“, дециден е Кирков.