Skip to main content
Магазин

Кинезите на неверојатен начин го тестираа новиот највисок мост на светот 

28/08/2025  18:37

Мостот на Големиот Кањон Хуаџијанг, еден од најимпресивните инженерски проекти во Кина, успешно го помина критичниот тест за издржливост само неколку недели пред неговото закажано отворање кон крајот на септември.

Масивната структура, која се протега низ клисура во покраината Гуиџоу на висина од 625 метри, ќе биде највисокиот мост во светот.

Кинезите го изградија за подобрување на патните врски во тешко достапните области, олеснување на трговијата и ревитализација на покраината со привлекување туристи.

Во подножјето на клисурата е планиран и голем центар за екстремни спортови.

Според Би-Би-Си, тестот за цврстина на мостот, кој е дел од последната фаза од проверките пред да биде отворен за сообраќај, траел пет дена.

Меѓу другото, вклучувал поставување 96 камиони на одредени точки на мостот за да се потврди структурниот интегритет на проектот.

Патем, станува збор за челичен висечки мост со решеткаста структура со вкупна должина од 2.890 метри. Вкупно, овие решетки тежат околу 22.000 тони, што е еквивалентно на тежината на три Ајфелови кули.

Изградбата траеше три и пол години, а официјално започнала на 18 јануари 2022 година.

Провинцијата Гуиџоу е планински регион во Кина, сместен 800 милји западно од градот Шенжен. Веќе е дом на многу импресивни структури и згради. Всушност, речиси половина од 100-те највисоки мостови во светот се наоѓаат во оваа провинција.

извор Канал 5