
Кина денеска го лансираше вселенското летало „Шенџоу-21“, кое треба да ги транспортира тројцата астронаути до кинеската вселенска станица „Тјангонг“.
Леталото полета од Центарот за лансирање сателити Џијучен, северозападна Кина.
Тоа е седма мисија на кинеската вселенска станица, откако е отворена во 2022 година.
Со „Тјангонг“ управува Кинеската агенција за летови со човечки екипаж.

