Skip to main content
Свет

Кина ги повика САД на продолжување на дијалогот со Русија за стратешка стабилност

06/02/2026  19:56

Кина упати апел до САД да ги продолжат разговорите со Русија за стратешка стабилност и за идните аранжмани по истекот на договорот за намалување на стратешкото вооружување, истакна кинеското МНР.

„Тоа е исто така заедничко очекување на меѓународната заедница“, истакна Лин Џијан од министерството за надворешни на Кина на редовната прес-конференција.

На прашањето за предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за развој на нов, унапреден и долгорочен договор со Русија наместо продолжување на „Нов старт“, Лин рече дека Кина не е запознаена со деталите на тој предлог, додавајќи дека Пекинг го поддржува дијалогот и дипломатските иницијативи за зачувување на глобалната стратешка стабилност.