Skip to main content
Свет

Ким Џонг Ун се сретна со Шојгу, вети безусловна поддршка за Русија

05/06/2025  12:14

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вчера се сретна со секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу, објави државната агенција КЦНА.

Како што пренесе Ројтерс, Ким ветил безусловна поддршка за ставот на Русија за Украина и други меѓународни прашања.

„Ким Џонг-ун потврди дека владата на Демократска Народна Република Кореја ќе продолжи безусловно да го поддржува ставот на Русија и нејзината надворешна политика“се вели во извештајот.

Ким наводно рекол дека Северна Кореја одговорно ќе ги почитува условите од договорот за заедничка одбрана меѓу двете земји.

Двајцата претставници разговарале и за зајакнување на сеопфатното стратешко партнерство и меѓусебната соработка во различни области.

Русија и Северна Кореја во 2024 година потпишаа договор за заедничка одбрана. Договорот беше потпишан за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Пјонгјанг минатата година и неговата средба со севернокорејскиот лидер Ким, и предвидува итна воена помош доколку која било страна биде подложена на вооружена агресија.