Skip to main content
Свет

Киев ја продолжи воената состојба до февруари 2026 година

21/10/2025  18:56

Украинскиот парламент денеска одобри ново 90-дневно продолжување на воената состојба и општата мобилизација, до почетокот на февруари, објави прес службата на парламентот.

Продолжувањето, предложено од претседателот Володимир Зеленски, парламентот го усвои со двотретинско мнозинство. Претходната одлука за воената состојба истекува на 5 ноември.

Воената состојба и мобилизацијата за првпат беа воведени 30 дена по руската инвазија во февруари 2022 година и оттогаш редовно се продолжува.

Мажите на возраст меѓу 22 и 60 години кои можат да бидат регрутирани во војска не смеат да ја напуштат земјата, со некои исклучоци.

Забраната за напуштање на земјата за мажи на возраст од 18 до 22 години беше укината во август.