Skip to main content
Македонија

Кичевчани стравуваат за своето здравје – депонијата ги гуши

13/04/2025  18:45

По Охрид и Струга и Кичево се гуши од депонијата. Граѓаните бараат да се дислоцира отпадот од градот кој шири непријатна миризба тие стравувајќи за своето здравје бараат итно решавање на овој проблем.

Депонијата која се наоѓа во градот, зад јавното претпријатие „Комуналец“многу често и се пали а со доаѓањето на летото и повисоките температури ќе донесе уште поголеми проблеми.

Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, на став дека на овој начин се обидуваат да управуваат со отпад додека да се изгради регионалната депонија кај Новаци.