
По Охрид и Струга и Кичево се гуши од депонијата. Граѓаните бараат да се дислоцира отпадот од градот кој шири непријатна миризба тие стравувајќи за своето здравје бараат итно решавање на овој проблем.
Депонијата која се наоѓа во градот, зад јавното претпријатие „Комуналец“многу често и се пали а со доаѓањето на летото и повисоките температури ќе донесе уште поголеми проблеми.
Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, на став дека на овој начин се обидуваат да управуваат со отпад додека да се изгради регионалната депонија кај Новаци.
Инаку вчера кичевчани протестираа потенцирајќи дека не запираат тука се додека не се исполни нивното барање и за две недели најавија дека повторно ќе организираат протест.