
Случајот Рекет формално заврши. Имаше апсења, судења и пресуди. Колку што се сеќавам Бојан Јовановски, Катица Јанева и другите беа осудени, и на некој начин се создаде впечаток дека приказната е затворена, пишува на ФБ професорот Јове Кекеновски.
„Се створи привид дека правдата, барем на хартија, е задоволена. Ама некако, токму во тој момент кога сè изгледа навидун завршено, останува едно прашање што упорно не исчезнува. Тивко виси во воздух и бара јасен одговор. КАДЕ СЕ ПАРИТЕ? Се зборуваше за милиони. Се водеше постапка. Се носеа пресуди. Но приказната за тие пари како да никогаш не доби јасен крај“ пишва Кекеновски,
Тој во својата објава поставува и неколку битни прашања околу целиот предмет.
„Дали тие пари се пронајдени? Дали се вратени? Кој ги зел на крај? Во меѓувреме, Врховниот суд на донесе одлука дека Јордан Камчев нема право на обештетување. Во ред тоа е судска одлука, со свое образложение и логика. Но тоа не го затвора кругот. Тоа НЕ ОДГОВАРА на суштинското прашање. Ако имало рекет, мора да има пари. Ако има пари, мора да има трага. Ако има трага, зошто јавноста не ја знае? И тука приказната станува непријатна. Дали некој знае каде се и свесно молчи? Молкот не е неутрален. Молкот, во вакви случаи, станува одговор сам по себе. Граѓаните не бараат сензација. Не бараат спектакл. Бараат нешто многу поедноставно, јасност. А кога еден од најгласните случаи на корупција ќе заврши без јасен одговор за парите, тогаш чувството дека нешто недостига не исчезнува. Само станува погласно.
И затоа, и по сите пресуди, и по сите одлуки, прашањето останува исто: КАДЕ СЕ ИЛИ КОЈ ГИ ЗЕМА ПАРИТЕ ОД „РЕКЕТ”?“ пишува Кекеновски.


