Skip to main content
Хроника

Кавадарчанка измамена за за 180.000 денари 

14/02/2026  15:38

28 – годишна жена од Кавадарци била измамена за 180.000 денари.

Според пријавеното, женско лице од Кавадарци ѝ предложило да започнат сопствен бизнис, по што оштетената лично ѝ ги предала парите „на рака“. Договорената деловна активност, како што навела во пријавата, не била реализирана, ниту пак средствата ѝ биле вратени.

Надлежните институции преземаат мерки и активности за целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности поврзани со случајот.