
Кавадарчанец бил пријавен во полиција дека со воздушна пушка пукал во домашно милениче, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 19:20 часот во ОВР – Кавадарци е извршен службен разговор со Ѓ.К., 46-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека со воздушна пушка, пукал во куче – домашен миленик на И.М., на возраст од 62 години од Кавадарци, појаснија од СВР – Велес.
Пушката била одземена и по документирање на настанот, како што додадоа од СВР – Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.