Skip to main content
Спорт

Карлсен го повика претседателот на ФИДЕ да поднесе оставка

04/02/2025  10:00

Норвешкиот велемајстор Магнус Карлсен го повика првиот човек на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) Аркадиј Дворкович да поднесе оставка.

Светскиот шампион му е лут на Дворкович поради недостиг на договор меѓу ФИДЕ и организаторите на турнирите во шах во слободен стил околу одржување на светските првенства. 

Претходно, Советот на ФИДЕ изјави дека не постигнал договор за турнејата во слободен стил. Федерацијата истакна дека тоа се должи на одбивањето на другата страна да го признае статусот на ФИДЕ како единствен регулатор на Светските шаховски првенства и нејзината надлежност да ја доделува титулата светски шампион.