Skip to main content
Музика

Карлеуша добива смрти закани: „Доаѓаме вечерва, утре нема да бидеш жива!“ (ФОТО)

05/03/2025  17:33

Јелена Карлеуша се огласи на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), каде откри дека побарала полициска заштита.

Како што тврди Јелена, од само едно лице добила 200 експлицитни пораки со смртни закани, по што морала да реагира.

– Нападната сум од таква патолошка омраза и сериозно вознемирени психопати што морав да побарам полициска заштита и да поднесам многу пријави до одделението на ВТК. Тие луѓе, скриени зад лажни профили, се меѓу нас. Тие живеат под маската на привидната нормалност зад која кријат ужасни мисли. За жал, многу луѓе пишуваат под нивните вистински имиња, целосно несвесни дека прават нешто погрешно – изјави Јелена.

Поп-дивата потоа вечерва објави преписка со непознато лице кое ѝ испраќа вознемирувачки пораки и смртни закани.

– Знаеме каде живееш ку*ко, доаѓаме вечерва, сабајле нема да бидеш жива – сtoiво пораката, на што Јелена само кусо одговорила: „Те чекам“.