Skip to main content
Хроника

Камион излета од патот Валандово-Дојран: Едно лице загина, седум се повредени

19/11/2025  12:52

Утрово околу 04:20 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на патот Валандов–Дојран, кога камион со српски регистарски ознаки излетал од коловозот и се превртел. Во несреќата животот го загубила една мигрантка од Кина.

СВР Струмица соопшти дека од здобиени повреди на местото на настанот починала мигрантка од Кина, а нејзиното тело е предадено на обдукција.

Повредени се уште седум мигранти, исто така од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката.

Возачот С.М. е задржан во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување помош.

На местото на несреќата увид изврши екипа од ОВР Гевгелија, во присуство на јавен обвинител.

Во акцијата за спасување учествувале и тимови на ТППЕ Струмица и ТППЕ Гевгелија, кои во 08:00 часот учествувале во извлекување на заглавените лица од превртеното товарно моторно возило.