Skip to main content
Свет

Калас: Затворањето на Ормускиот теснец е опасен преседан

28/04/2026  09:54

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, предупреди на „опасен преседан“ што може да се постави со блокадата на Ормутскиот теснец, клучен воден пат кој е затворен два месеци поради војната меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга страна. Повисоките цени на енергијата поради блокадата ќе им наштетат и на Европа и на Азија, рече Калас, пишува Анадолија.

„Слободата на навигација мора да биде гарантирана, во спротивно тоа ќе постави опасен преседан во другите делови од светот“, изјави Калас пред новинарите во Брунеи, каде што учествува на 25-от министерски состанок на ЕУ и АСЕАН. „Два месеци по почетокот на војната со Иран, дипломатските напори сè уште не вродија со плод“.

Зборувајќи со медиумите заедно со министерот за надворешни работи на Брунеи, принцот Мохамед Болкија, Калас ја нагласи важноста на соработката. „Во денешното глобално опкружување, ниту една од нашите земји не може да си дозволи да дејствува сама. Настаните на Блискиот Исток јасно го покажуваат тоа“, рече таа.

Конфликтот заврши со прекин на огнот

Војната што САД и Израел ја започнаа против Иран на 28 февруари предизвика иранска одмазда против сојузниците на Америка во Заливот. Ова доведе до блокада на Ормутскиот теснец, клучен пат за транспорт на нафта и гас, што го наруши глобалното снабдување со енергија.

Во конфликтот во Иран загинаа повеќе од 3.300 луѓе, а илјадници се раселени во земјата. Најмалку 13 американски војници се убиени, а десетици се ранети. Борбите завршија на 8 април, кога Пакистан посредуваше за прекин на огнот меѓу завојуваните страни.

Исламабад продолжува со напорите да ги доведе страните на преговарачка маса за да се договорат за траен крај на војната. Првата рунда разговори се одржа претходно овој месец во главниот град на Пакистан.