Skip to main content
Македонија

Калајџиев на Радио 77: Имам многу закани, но јас како правен експерт морам да коментирам

22/03/2025  17:22

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев кој вчера на фејсбук сподели “Притворот не смее да се користи за државата да се покаже сериозна!! Тоа е злоупотреба и ќе падне во Стразбур!” во Стадион 77 ја коментираше процедурата на истрага за пожарот во клубот Пулс во Кочани и фактот дека досега се притворени 34 лица.

Калајџиев кажа дека  во постапката не се почитува пресумпцијата на невиност, како и и дека според меѓународните стандарди и уставот, притворот е крајна нужда.

-Во теорија е невозможно да има потреба 34 лица да ги ставите во протвор. Тоа се користи како крајна мерка. Тука не станува збор за криминална структура и нема реална опасност од бегство. Луѓето коментираат зошто актуелен министер за не бидe предмет на истрага а претходниот да го гледаме со лисици – вели професорот.

Калајџиев го објасни и својот фејсбук статус: За еден другар прашувам: како со еден фалсификат се оди во притвор а со друг на функција?!

-Со кое лице се исправаат пред 20 години затвор луѓе кои дале лиценца додека некој со фалсификувана лиценца може да ги води тајните служби. Од кои може да зависи утре државата – реторички праша Калајџиев

Во разговорот се отвори и прашањето и за заканите од кои дел се јавни, преку коментари на социјалните медиуми.

-Да имам нон стоп закани дека ќе ме згазат на улица ќе ме убијат и сл. Мене тоа не ме вознемирува, мене како правен експерт ми е обврска да зборувам за тоа. Се вознемирила дури и сестра ми.  Мене ми е обврска да го штитам правото. Премиерот ќе дојде и ќе си оди, второ нека научи нешто премиерот, министерот за правда и јавниот овбинител.