Во денешниот билетен на МВР информираат дека на 20-ти јануари во СВР Штип, од страна на штипскиот затвор било пријавено дека при контрола во установата, од осуденикот М.Е.(25) од Струмица била одземена прашкаста материја.
Според билтенот на МВР, Полициски службеници од Oтсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.