Skip to main content
Свет

Кац: Доколку биде нападнат Израел нема да ја поштеди иранската енергетска инфраструктура, ќе го вратиме во камена ера

03/09/2026  15:08

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека ИДФ ќе ја уништи енергетската инфраструктура на Иран доколку биде нападната неговата земја.

Тој на здравица со вработените во Министерството за одбрана по повод Еврејската Нова Година рече дека нападот на Иран врз Израел би бил „очаен потег“, објави порталот „Тајмс оф Израел“.

„Нападот на Иран врз Израел ќе нè ослободи од сите ограничувања. Ќе удриме врз целата инфраструктура, вклучително и енергетиката, и ќе го вратиме Иран во камена ера и темнина“, рече Кац.