Search

Kаталонската влада ги отстрани транспарентите за независност

Каталонската регионална влада денеска ги отстрани транспарентите за независност од седиштето во Барселона, неколку часа пред полицијата да ги отстрани по наредба на шпанскиот изборен одбор.

Работници отстранија голем транспарент од балконот на предниот дел од палатата стара сто години, на кој на каталонски и англиски јазик пишуваше „Ослободете ги политичките затвореници и прогонетите“, објави агенцијата АП.

Регионалната влада вчера го отстрани банерот со симбол жолта лента кој се користи за да се изрази поддршка за затворениците.

На избраните функционери и јавни институции им е забрането да изразуваат поддршка за одредена партија или идеолошка позиција за време на предизборна кампања.

Генералните избори во Шпанија ќе се одржат на 28 април.

Треба да знаете
Последни објави