Skip to main content
Свет

Јужнокорејскиот претседател: Топлотниот бран е национална катастрофа

04/08/2026  12:46

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе Мјунг, денес ги повика властите да ги засилат напорите за помош на населението погодено од рекордниот топлотен бран во земјата, нарекувајќи го национална катастрофа. Досега, 19 смртни случаи се припишани на тешките временски услови.

Зборувајќи на состанок на кабинетот, Ли им нареди на службениците да преземат неопходни мерки за да им биде побезбедно на луѓето да ги извршуваат секојдневните задачи и да ги проверуваат енергетските системи како што се зголемува побарувачката за климатизација. „Постои уште поголема загриженост дека екстремните временски услови веројатно ќе продолжат подолг временски период“, рече Ли, кој предлага големо реструктуирање на системот за одговор при катастрофи за поефикасно справување со опасни услови.

Националната метеоролошка агенција соопшти дека Јангсан, град во југоисточниот дел на земјата, сместен во долина, завчера измерен е температура од 42,5 степени Целзиусови, што е највисока температура регистрирана во последните 122 години водење евиденција.

Некои жители се преместени во привремен сместувачки капацитет

Агенцијата вчера издаде прво предупредување за топлотен бран за делови од Сеул и соседниот Ѓеонгки, а денес го прошири на целиот главен град. Предупредувањето за топлотен бран значи дека луѓето треба да ги прекинат активностите на отворено, како што се земјоделството, спортот и градежните работи.

Некои жители беа преместени во привремен сместувачки капацитет обезбеден од владата, опремен со климатизација. Исто така, има многу бездомници кои живеат во таа област. Пожарникарите и другите служби прскаат вода по патиштата во областа.

Тие, исто така, проверуваат групи жители кои се ранливи на топлината, изјави Џун Хонг-чеол, службеник во противпожарната станица Јеонгдеунгпо. Корејската агенција за контрола и превенција на болести денес соопшти дека бројот на жртви од топлотниот бран се искачил на 19, вклучувајќи 13 лица на возраст од 80 години или постари.