Skip to main content
Скопје

ЈСП воведува линија 37 ќе вози од Радишани до Карпош преку „Словенечка“

19/08/2026  10:10

Град Скопје ја врати линијата број 37 на ЈСП која ќе сообраќа од населбата Радишани до Карпош.

Новата траса е дизајнирана за првпат да го искористи булеварот „Словенија“, овозможувајќи им на жителите од Бутел и Радишани директно поврзување со средните училишта во Карпош, како и со трговскиот центар „Скопје Сити Мол“. Проектот се реализира во координација меѓу Градот Скопје и Општина Бутел.

Според најавите, линијата започнува со тест-период со промотивен капацитет во текот на летово, со цел патниците навреме да се запознаат со распоредот на возење, додека од 1 септември 37-цата ќе започне да сообраќа со целосен капацитет и редовен возен ред.