Skip to main content
Македонија

ЈП „Улици и патишта“ го обвинува Мицкоски за протестите на нивните вработени

20/12/2024  10:45

Во соопштение до јавноста ЈП „Улици и патишта“ го обвинија премиерот Христијан Мицкоски за денешниот протест на нивните вработени пред седиштето на Град Скопје. Тие велат дека токму Мицкоски е одговорен за кризата во сите јавни претпријатија. Од ЈП посочуваат дека вработените имаат земено плата па според нив нејасно е зошто се протестира.

„Истовремено Мицкоски треба да ги информира дека за линеарно зголемување плата и К15, што се барања на синдикатот одлука носи Управниот одбор на претпријатието чии членови се избрани токму од ВМРО-ДПМНЕ. Воедно само на претседателот на синдикатот КСОМ Марјан Ристески, му е нејасно зошто е пред бараките на град Скопје, кога одлуките кои ги бара ги носат членовите на Управниот одбор на ЈП „Улици и патишта“ Скопје избрани од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на синдикатот КСОМ Марјан Ристески, треба да се изјасни зошто не се бори за правата на вработените во државното претпријатие Железници каде работи, на кои со месеци им се доцни со плата.Зошто Марјан Ристески како синдикалец за вработените во државното претпријатие Железници каде работи, не протестира да бара линеарно зголемување плата, исплата на К15 и наградна плата и не протестира пред Железници.

Јасна е целта на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, се додека насилно не ги превземат скопските јавни претпријатија, активно ќе ги напаѓаат секој ден со цел креирање нови кризи, па дури ќе организираат и протести за плата во претпријатија каде истата веќе е исплатена“, се вели во соопштението на „Улици и патишта“.