
Судот го прогласи за виновен Стојанче Јовановски за трите дела што му се ставаа на товар.
Меѓу нив е и делото наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана.
Настанот се случи на 2 март оваа година во скопско Тафталиџе кога не можејќи да ја издржи тортурата Ивана заедно со шестгодишната Катја скокна од балонот од станот каде живееја.
Според Судот, обвинетиот со континуираното физичко и вербално насилство ја довел Ивана во безизлезна и очајна состојба што било причина таа да посегне по својот живот и животот на својата ќерка. Насилството трело од 2023 континуирано на различни места и во присуство на детето.
Јовановски ѝ се заканувал велејќи ѝ дека ќе ја избрка од станот, ќе ја убие и ќе ѝ ја земе Катја.
За сите три дела на Јовановски изречена му е максимална казна – за телесна повреда 5 години, за загрозување на сигурноста 3 години и за наведување и помагање во самоубиство 5 години. Согласно Законот за кривична постапка, единствената затворска казна е 12 години. Обвинителството побара тој да остане во притвор до правосилноста на пресудата.

