Skip to main content
Магазин

Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска – овогодинешни зет и невеста за Галичката свадба 2025

02/05/2025  10:05

Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска се овогодинешните зет и невеста на традиционалната Галичка свадба.

Јован, потомок на галичкото семејство Филипоски, уште како дете чекорел низ Галичник облечен во носија, сонувајќи еден ден да ја води свадбата. Од најрана возраст активно учествува во сите обичаи.

Неговата избраничка, Лилјана, веќе ја почувствувала магијата на Галичката свадба во 2022 година и ова лето ќе заигра во улогата на невеста – со срце полно љубов и почит кон традицијата.