Skip to main content
Спорт

Јошко Миленкоски го објави поширокиот список со одбојкари на Македонија

03/05/2025  18:13

Селекторот на македонската машка одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски, го соопшти проширениот список на играчи на кои ќе смета за претстојните настапи во Златната Европска лига 2025, како и за квалификациските средби против Грција и Грузија за пласман на Европското првенство во 2026 година.

На списокот се најдоа искусни репрезентативци кои и во минатото ги бранеа боите на Македонија, но Миленкоски даде шанса и на нови имиња. Двајца одбојкари – Филип Станков и Петар Џерков – се повикани за првпат во сениорскиот состав.