Skip to main content
Спорт

Јокиќ за размената на Дончиќ: Не очекуваше, но ќе се снајде, тој е создаден за големата сцена

04/02/2025  12:23

Кошаркарот на Денвер Нагетс и српски репрезентативец Никола Јокиќ го контактираше Словенецот Лука Дончиќ откако тој беше трејдуван во Лејкерси.

– Му пишав. Тој, се разбира… Мислам, мислам дека воопшто не го очекуваше тоа. Сега треба да биде со семејството, ова е многу сериозна промена во неговиот живот. Ова е бизнис. Никој не може да се чувствува безбедно во оваа лига. Но, мислам дека добро ќе се снајде. Создаден е за нешто големо, за големата сцена, иако се чини дека со тоа немаше проблеми ниту во Далас, изјави центарот на Нагетс.

Дончиќ кој беше еден од најдобрите кошаркари на Далас маверикс, кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес лејкерс.