Екипите на Денвер и Минесота синоќа го одиграа петтиот натпревар во плејофот на НБА Лигата.
Денвер на домашен терен победи со резултат 125:113 и намали на 2:3 во вкупниот скор.
За победата на Денвер најзалужен беше Никола Јокиќ, кој оствари трипл-дабл со 27 поени, 12 скока и 16 асистенции. Во победничкиот тим се истакнаа и Мареј со 24 и Џонс со 20 постигнати поени.
Кај Минесота најефикасни беа Рендл (27 поени), Досунму (18), Хајленд (15) и Шенон (15).
Шестиот меч се игра во Минеаполис во четврток навечер.


