Skip to main content
Магазин

Јапонија- земја со најмногу снег во светот: Снежните наноси повисоки од куќи

10/01/2026  08:44

Според статистики на Акуведер (AccuWeather), Јапонија се издвојува како најснежна земја во светот, поточно, три јапонски градови со над 100.000 жители се на врвот на листата на најснежни места. Градот Аомори, на најголемиот јапонски остров, е лидер по снежни врнежи- секоја година во просек тука паѓаат 7,9 метри снег. Дебелата снежна покривка ги покрива улиците од ноември до април, а тротоарите се оградени со наноси снег и мраз што стануваат сè повисоки со секое чистење.

Освен Аомори, и Сапоро, најголемиот град на островот Хокаидо, се соочува со големи снежни наноси- во просек 4,85 метри снег годишно. Градот е познат и по зимскиот фестивал Јуки Мацури, каде се изложуваат монументални скулптури од снег и мраз. Најмногу снег се бележи и во Тојами, на крајбрежјето на Јапонското Море – просечно 3,6 метри годишно. Метеоролозите објаснуваат дека обилните снежни врнежи се резултат на уникатната комбинација на клима, море и планини. Во некои периоди снегот паѓа со денови, без престан.

Оваа земја достигнува и светски рекорд за најголема длабочина на снег. На планината Ибуки во февруари 1927 година паднале 11,82 метри снег – достигнување што останува несоборено речиси сто години.