
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, остро и иронично реагираше на социјалните мрежи по најавите за можни нови мерки поврзани со демографијата, посочувајќи ја како апсурдна идејата за „данок на неженети“.

Во статус на својот Фејсбук профил, Јакимовски ја нарече Владата „патриотска“, но наместо решенија за младите, ја обвини дека нуди мерки од типот на наметнување даноци врз граѓаните врз основа на нивниот брачен статус.
„Од патриотизам до апсурд – новата идеја: ДАНОК НА НЕЖЕНЕТИ! Бројот на ученици е намален за 17.000 – тоа е аларм за секоја нормална држава. Но, за патриотската влада – инспирација“, напиша Јакимовски.
Тој саркастично предложи и други „даноци“:
▪️ Данок на изгубени премиери
▪️ Данок на купени дипломи
▪️ Данок на партиски вработувања без знаење
▪️ Данок на фалсификувани сертификати
Јакимовски ја спореди ситуацијата со отоманскиот систем на оданочување и додаде: „Продолжи вака, премиере! Даночната инспирација ти оди подобро од демографската стратегија!“
Со оваа објава, градоначалникот испрати силна критика до Владата, обвинувајќи ја за популизам и отсуство на вистинска визија за справување со демографската криза во земјата.