Skip to main content
Свет

Израел ќе дозволи да се внесе одредена количина храна во Појасот Газа

19/05/2025  09:41

Израел ќе дозволи да се внесе одредена количина храна во Појасот Газа, соопшти синоќа кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Израел ќе дозволи да се внесе основна количина храна наменета за населението, со цел да се спречи развој на глад во опколениот Појас Газа, се наведува во соопштението.