Skip to main content
Хроника

Измамена 76-годишна жена од Битола за 7 000 евра

07/02/2026  15:47

Во СВР Битола вчера 76-годишна жена од  Битола пријавила дека била измамена од непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и се претставило како лекар. Лицето и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да и го спаси животот.

Како што информира МВР, жената заедно со сопругот однеле 7 000 евра и ги дале на едно лице, кое според договорот,  ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена, односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.