
До 18.30 (половина час пред затворање на гласачките места) во вториот круг на локалните избори, во Македонија гласале 40,45% од запишаните избирачи.
Убедливо најголема излезеност има во општина Росоман каде гласале 77,51 процент од гласачите, а најмала излезеност има во скопски Сарај, само 11,45%.
Во скопските општини најголема излезеност има во Карпош каде до 18.30 гласале 48,09%, потоа следи Центар со 46,16%, па Аеродром 42,72 проценти.

