Skip to main content
Uncategorized

Излезност до 17:00 часот, најмногу се гласа во Конче, во Сарај излезеноста е под девет проценти

02/11/2025  17:57

Државната изборна комисија излезе со нов пресек на излезеноста во вториот круг локални избори.

Според податоците на ДИК, до 17.00 часот на територијата на државта гласале 34,62 проценти.

Најголема излезеност има во општина Конче каде веќе гласале 64,44 проценти, а потоа следуваат Росоман со 63,58% и Дојран со 62,96%.

Најмалку заинтересирани за гласање се жителите на општина Сарај каде досега излегле само 8,77 проценти. По нив е општина Чаир каде излезеноста е 12,04 проценти.

Во скопските општини најголема излезеност има во Карпош, 40.73% а го следи Центар до 39,44 додека во Аеродром гласале точно 36 проценти од запишаните гласачи.