Skip to main content
Хроника

Изгореа три автомобили попладнево под Кале

17/04/2026  20:40

Попладнево избувна пожар на површините околу паркингот под Калето во Скопје, при што огнената стихија брзо се проширила и зафатила три паркирани автомобили.

Според првичните информации, пламените јазици се доближиле до возилата на паркингот, кој во моментот бил речиси целосно исполнет. Благодарение на брзата и навремена интервенција на скопските пожарникари, спречено е огнот да се прошири и да предизвика далеку поголема материјална штета.

На терен интервенирале противпожарни екипи кои успеале да го локализираат пожарот и да ја стават ситуацијата под контрола. Засега нема информации за повредени лица.

Причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.