Skip to main content
Хроника

Изгоре автомобил во селото Старо Владевци, кај Струмица

07/03/2025  10:09

Синоќа околу 2 часот по полноќ изгоре автомобил марка „мерцедес“ во селото Старо Владевци, кај Струмица, информираа од ТППЕ Струмица.

Според информацијата, запалениот автомобил го гаснеле четири пожарникари и едно противпожарно возило.

-Во моментот на пристигнувањето пожарот беше во разгорена фаза. За кратко време е локализиран и ликвидиран, се наведува во информацијата од ТППЕ Струмица.

Се додава дека е причинета значителна материјална штета, а причините за пожарот ќе се испитуваат.