Skip to main content
Свет

Италијанските новинари организираат нов штрајк

14/04/2026  16:04

Федерацијата на италијанските медиуми организира нов штрајк на 16 април поради тоа што националниот колективен договор во областа на новинарството истече пред 10 години, а сè уште не е склучен нов.

Новинарите исто така бараат поголема заштита на своите права и подобрени услови за работа.

– Во време кога вештачката интелигенција влегува во светот на медиумите, не може да недостига колективен договор, што би регулирал како да се користи вештачката интелигенција за новинарска содржина и колкава треба да биде платата за креаторите на оваа содржина – се наведува во соопштението на Федерацијата на италијанските медиуми.

Досега новинарите во Италија штрајкуваа неколкупати, а последниот беше на крајот на март.

Одделно имаше штрајкови на локално ниво во голем број медиуми поради разни проблеми, како што се уредувачката политика или промените во сопственоста.